За Нас

За ЈП Агроберза

Формирањето на првата македонска земјоделска берза дојде како резултат на длабоките општествени, политички и економски промени и на осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесетите години. Во согласност со ориентацијата кон пазарните услови на работење Јавното претпријатие за берзанско работење АГРО-БЕРЗА Скопје е формирано врз основа на Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи донесен на 13 мај 1992год. донесен од Собранието на Република Македонија. Основна цел на Јавното претпријатие АГРО-БЕРЗА е организираното поврзување и посредување во понудата и побарувачката на земјоделско-прехранбените производи. Постоењето на специјализираната берза АГРО-БЕРЗА се потпира и врз традициите од Втора светска војна кога на територијата на Македонија успешно функционирале Скопската берза, како и специјализираните стокови берзи на земјоделско-прехранбените производи во Скопје и Битола. Според Статутот на Берзата, таа е јавно претпријатие во државна сопственост. Својот правен статус може да го промени во еден од облиците на претпријатија во мешовита сопственост што значи дека се создадени поволни законски услови за вложување на капитал од домашни и од странски партнери . Во таа смисла со деловната политика на претпријатието се предвидуваат посебни погодности за соработка со странски партнери и за нивно активно учество во работењето на Берзата. Во досегашното работење Јавното претпријатие АГРО-БЕРЗА има остварено деловни контакти и договори за соработка со берзите во Нови Сад, Љубљана, Белград, Будимпешта, холандските берзи во Поелдијк, во Налдвијк и во Свангбијк, како и во берзите на Измир, Истамбул и други берзи.

Историски осврт и формирање на ЈП АГРО-БЕРЗА

Македонскиот пазар е мал за да го прифати целокупното производство на земјоделско-прехрамбени производи. Поради ова поголем дел од земјоделското производство се пласираше на просторот на поранешна Југославија и во источно европските земји. Поради губењето на овие пазари се јави потреба од изнаоѓање на нови пазари каде Република Македонија би можела да ги пласира своите вишоци. Со цел зголемување на извозот на земјоделско-прехрамбени производи Собранието на Р. Македонија донесе одлука за формирање на Јавно претпријатие АГРО БЕРЗА како специјализирано претпријатие кое ќе помогнене во пласманот на земјоделско-прехрамбените производи, пред се во пласманот на овие производи на странските пазари. Во согласност со ориентацијата кон пазарни услови за работење Собранието на Република Македонија на 13.05.1992 год го донесе “Законот за берзи на земјоделско-прехранбени производи” и “Одлука за основање на Јавното Претпријатие за берзанско работење Агро-Берза” објавено во Сл.Весник на РМ бр.32/92. Во согласност со овој закон и одлука донесени од Собранието на Р.Македонија создадена е правна рамка за функционирање на Ј.П.Агро-Берза Скопје. Вистински услови за отпочнување со работа на ова претпријатие се исполнуваат по донесувањето на одлуката за давање согласност на Статутот на ЈП Агро-Берза Скопје, од страна на Владата на Р.Македонија на триесет и четвртата седница одржана на 19.01.1998 год. Во почетокот на 1998 година отпочна техничко и кадровско екипирање на претпријатието.

Дејности на берзата

Во рамките на Берзата се вршат:

  • Внатрешни и надворешни берзански работи, односно се склучуваат договори за купопродажба на стоки меѓу постојаните и привремените членови на берзата и со други коминтенти.
  • Берзата донесува берзански узанси.
  • Организира аукциски начин на продажба, односно надавање за купување на неунифицирани и нетипизирани производи.
  • Врши испитување на пазарот, дава информации за состојбата на понудта и побарувачката на стоките и го анализира движењето на берзанските цени во одреден период , врши маркетиншки услуги и слично.
  • Врши контрола на квалитетот и квантитетот на производите согласно со берзанските узанси.
  • Врши складирање на производите, организира транспорт,отпремување и доопремување на производи.
  • Организира домашни и мегународни саеми и изложби на земјоделски производи, а обавува и други работи вообичаени за продуктните берзи.

Како се станува член на АГРО-БЕРЗА?

Членови на АГРО-БЕРЗА можат да бидат претпријатија, земјоделски задруги, индивидуални земјоделски производители и други правни и физички лица што вршат дејност на производство, преработувачка и промет на земјоделско-прехранбени производи. Членувањето во берзата може да биде постојано или привремено.

Постојан член

Со овој статус можат да се стекнат индивидуални земјоделски производители, земјоделски задруги и други домашни и странски правни и физички лица , што вршат дејност на производство, преработки и промет на земјоделско-прехранбени производи.

За стекнување на статус на постојан член поголемите производни земјоделски претпријатија и Комбинати треба:

  • Да се правни лица , а во производството на земјоделско-прехранбени производи да применуваат современа технологија и агротехнички мерки и да обавуваат дејност од која произлегува потреба за постојано и долгорочно користење на берзанските стоки во поголеми количини.
  • Треба да поседуваат производни капацитети кои овозможуваат нормално производство и промет на берзански стоки во поголеми количини.
  • Постојано да го подобруваат квалитетот и другите својства на берзанските стоки, согласно со берзанските узанси.
  • Купувачите на берзанските стоки да имаат поитивно деловно реноме.
  • Индивидуални земјоделски производители самостојно можат да стекнат статус на постојан член на берзата и со зачленување во соодветни здруженија кои се занимаваат со земјоделско-прехранбени производи.

Пријавување

За стекнување на статус на постојан член правните и физичките лица поднесуваат пријава во писмена форма до Управниот Одбор на Берзата . Врз основа на поднесената пријаваи приложената документација Управниот Одбор на Берзата на предлог на директорот донесува одлука за стекнување статус на постојан жлен на Берзата.

Постојаните членови на Берзата имаат право да учествуваат на берзански состаноци, да склучуваат берзански работи, да користат маркетиншки информации, да користат разни видови на субвенциии други погодности, да користат информации и други стручни совети , имаат право на надоместок за непродадени , производи, да користат средства за инвестиционен развој и имаат и други права и обврски.

Повремен член

Има право да учествува на берзанските состаноци и да склучува берзански работи како и да користи информации и услуги неопходни за склучување на повремени берзански работи. Повремените членови на нивно барање ги предлага директорот на Берзата.

Чланарината, берзанскиот надоместок (провизијата) и надоместокот на други услуги кои членовите на берзата се должни да ги плаќаат, ќе се утврдуваат врз основа на видот и количеството на производите, видот и обемот на услугите како и трошоците што се уредуваат со правилата на работа на Берзата.