
Вистинското лидерство не е за титули или позиции, туку за споделување на масата со оние кои ги градат темелите. Лидерот кој слуша, разбира и расте со својот тим негува иднина на сила и единство.
Денеска на покана на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Цветан Трипуновски, имавме многу плодна средба. Согласен со аргументите за раст и развој на ЈП Агро-Берза Скопје кои ги разгледавме на состанокот, Министерот ни вети потпишување на договор помеѓу Министерството и ЈП Агро -Берза Скопје за почеток на процедурите за отпочнување на тендерска постапка за реконструкција на силосите каде се складирани државните резерви на жито. По завршувањето на овој проект, капацитетот за складирање на житни култури ќе се зголеми за 10.000 тони, што претставува зголемување на капацитетот за 25%, а ефективноста ќе се зголеми за 3 пати. Со овој проект оставаме капитална вредност за нашата држава и идните поколенија.