Во услови кога храната станува луксуз, само со примена на нови технологии земјоделството може да остане одржливо. Саемите се одлична можност да се запознаеме со најновите трендови, иновации и решенија во оваа област.
Од 16 до 18 мај ја предводев делегацијата на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје, која учествуваше на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад. За време на нашиот престој остваривме повеќе средби и воспоставивме контакти со различни компании, со надеж дека овие соработки ќе придонесат за развојот на земјоделството и ќе им помогнат на земјоделците и претприемачите во нашата држава.










ЈП АГРО-БЕРЗА