25-та седница на Надзорниот Одбор

27.10.2026

На 14.10.2026 се одржа 25-та седница на Надзорниот Одбор исто така и 39-та седница на
Управниот Одбор на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје, во кои се разгледуваше и дискутираше

Тримесечен финанфиски извештај за период 07-09.2026
Програма за работа за 2027 година
Финаниски план за 2027 година
Предлог- колективен договор на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје
Извештај на работењето на Директорот на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје за период 02.2026 до 31.07.2026
година
Извештај на работењето на Заменик директорот на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје за период 02.2026 до
31.07.2026 година

По разгледувањето на материјалите и дискусиите што следеа, сите членови на Надзорниот одбор
изразија позитивно мислење во однос на извештајот, програмата за работа и финансискиот план
за 2027 година; врз основа на тоа, Управниот Одборот донесе одлука. Во меѓувреме,
разгледувањето на предлог-колективниот договор за ЈП „АГРО-БЕРЗА“ Скопје е одложено за
следната седница, сè до добивање мислење од Министерството за финансии, кое Управниот
Одборот ќе го побара.
Нашата соработка, посветеност и заложби остануваат гаранција за понатамошно унапредување на
мисијата и целите на претпријатието.
Ви благодарам за поддршката и посакувам континуиран успех во нашата заедничка работа и
активности!