Денес се одржаа 24-та седница на Надзорниот одбор и 37-та седница на Управниот одбор

17.07.2026

Денес се одржаа 24-та седница на Надзорниот одбор и 37-та седница на Управниот одбор на ЈП АГРО – БЕРЗА Скопје, на кои беше разгледан и дискутиран Финансискиот извештај за вториот квартал од 2026 година.

По разгледувањето на материјалите и спроведената дискусија, сите членови на Надзорниот одбор дадоа позитивно мислење за извештајот, а Управниот одбор донесе соодветна одлука.

По тој повод, ја изразувам мојата искрена благодарност до сите членови на Надзорниот и Управниот одбор за нивната конструктивност, професионалност и одговорност. Вашиот континуиран придонес, не само на оваа седница, туку и на сите досегашни седници и реализирани активности, беше од особено значење за успешното функционирање и развој на ЈП АГРО – БЕРЗА Скопје.

Вашата соработка, посветеност и ангажман остануваат гаранција за понатамошно унапредување на мисијата и целите на претпријатието.

Ви благодарам за поддршката и ви посакувам континуирани успеси во вашата работа и идни ангажмани.