Во рамките на официјалната посета на Мадрид, директорот на ЈП АГРО-БЕРЗА Скопје учествуваше на меѓународниот саем Fruit Attraction – IFEMA, со цел промоција на земјоделскиот сектор, домашните производи и создавање нови можности за соработка и меѓународни партнерства.
За време на престојот во Мадрид, тој оствари и средба во Амбасадата на Република Северна Македонија со амбасадорот г. Едмонд Адеми, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската и земјоделската соработка, како и промоција на домашните производи на меѓународните пазари.





ЈП АГРО-БЕРЗА