
Денес во работна посета на силосите со кој управува ЈП Агро-Берза Скопје бев информиран за тековните активности и предизвиците со кој се соочуваат вработените при реализација на нивните секојдневни активности. Посебно сум горд и задоволен што оваа работна посета беше реализирана во реконструирани канцаларии.Реконструкцијата на канцалариите која е прва од ваков вид од изградбата на овој објект во 1976 год ЈП Агро-Берза Скопје ја изведе од сопствени приходи и е со цел подобрување на условите за работа на вработените во нашето претпријатие. Ова е само почеток на активностите кој што се предвидени да се направат во тек на 2025 год. а се во функција на модернизација на овој државен капацитет кој е од клучна важност на Република Северна Македонија.



