Интензивирана соработка помеѓу ЈП Агро-Берза и Институтот за ориз за модернизација на земјоделството

28.04.2025

Политиките креирани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бараат одговорен пристап за спроведување! По донесување на програмата за складирање на оризова арпа за потребите на стоковите резерви на Република Северна Македонија, Ј.П. Агро – Берза Скопје како најголем складиштар на житни култури во државата денес одржав состанок со директорот на Институтот за ориз, пр. Др. Добре Андов, која е единствена научна институција од ваков вид во Југоисточна Европа, институција која е основана во 1927 г. Нивното знаење, искуство и традиција е неспорно и признато како во државата така и надвор од неа. На состанокот беше договорено и взаемно прифатено дека соработката на ЈП Агро-Берза Скопје и Институтот за ориз во иднина ќе биде интезивирана и несебично споделена. Како јавно претпријатие постојано ќе бидеме на терен помеѓу земјоделците, ќе бидеме на терен и помеѓу откупувачите но и помеѓу научните институции од областа со цел модернизирање на земјоделство во нашата земја и достигнување на европските стандарди.