Посета на заменик министерот за земјоделство, г -дин Албрим Хоџа

19.06.2025

Денес, со задоволство го посетив Заменик министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Албрим Хоџа. Му посакав успех во новата задача и изразив волја за плодна и одржлива соработка во корист на институциите што ги водиме. Посакувам неговата работа да донесе конкретни резултати и одржлив развој за земјоделството во нашата земја!