Посета на фирмата која се занимава со откуп, складирање и преработка на житни култури Млин Аргулица, Штип

03.05.2025

Вчера во рамките на теренски активности имав прилика да ја посетам Фирмата која се занимава со откуп, складирање и преработка на житни култури Млин Аргулица, Штип!

Во рамки на посетата имав прилика да поразговарам и одблизу да се запознаам со активностите и предизвиците со кој се соочува оваа компанија! Заеднички заклучок е дека соработката на приватниот сектор со државниот, во размена на искуства и знаења е непходна за развој на агро секторот во нашата држава! Оваа средба ја оценувам како многу корисна и значајна за нас. Во иднина најавувам блиска средба со сите чинители на агро секторот во Македонија, земјоделци, откупувачи, преработувачи и здруженија на земјоделци со цел модернизација на земјоделството на нашата земја за достигнување на стандардите на ЕУ.